(Видео) „Авионот е преполовен, хеликоптерот главно недопрен“: Трае потрагата по преживеани во Вашингтон
Во тек е „многу сложена“ операција за пребарување по преживеани и тела на загинатите откако патнички авион се судри со воен хеликоптер над Вашингтон. Температурите може да се спуштат до -10 степени во текот на ноќта, јавува Би-би-си. Температурата на водата е на точката на замрзнување.
Авион на Американ ерлајнс, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер Блек Хок во кој се наоѓале тројца војници.
BREAKING: Mid-air collision between a helicopter and commercial jet on approach to Ronald Reagan Washington National Airport. Rescue boats are scanning the Potomac River. pic.twitter.com/ySwHFq9Ej1
— Breaking 4 News (@Breaking_4_News) January 30, 2025
Двете летала паднале во реката Потомак, а по ударот авионот се скршил на делови. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 луѓе.
„Условите се исклучително тешки за спасувачите. Многу е студено и ветровито“, кажа Шефот на противпожарната служба во Вашингтон Џон Донели на прес-конференција.
„Хеликоптерот е превртен наопаку, но се чини дека е главно недопрен“.
Новинарот на Си-би-ес, Крис Ван Клив, рече дека човечки останки и остатоци од авион доплутале на страната на Вирџинија на реката Потомак.
Тој додаде дека авионот се скршил на половина и дека нуркачките тимови имале пристап до кабината и пронашле една црна кутија. Тој, исто така, објави дека хеликоптерот бил „превртен наопаку, но се чини дека е главно недопрен“.