300.000 ДЕНАРИ ЗА ПОБЕДНИЦИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ СКОПЈЕ 2018

//

Вчера, 12.6.2018 година, во преполниот Спортски центар „Ново Лисиче“ се одржа финалниот натпревар на седмиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ меѓу екипите на Маг Логистик – Компанија Атанасовски. Во рамките на настанот, градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин им додели награди на победничките екипи.

На финалниот натпревар со резултат од 3 : 0 првото место и награда од 160.000 денари на турнирот го освои Компанија Атанасовски, а второто место и награда од 80.000 денари му припадна на екипата на Маг Логистик. Третото место, пак, и награда од 40.000 денари освои екипата на ТК Лока Фер Плеј во полуфиналниот натпревар против екипата на Фенербахче Кичево со резултат 3: 2.

Финалистите исто така добија пехари, медали, пригодни награди и признанија. Награди беа доделени за најдобар стрелец на турнирот Игор Стојковски, најдобар голман Едо Пелевиќ, како и најдобар играч Далибор Јовановски.



На Турнирот во мал фудбал Скопје 2018 учествуваа 32 екипи. Турнирот траеше еден месец и го организираше здружението КБС 2012 под покровителство на Општина Аеродром, која го обезбеди наградниот фонд за победниците.

Претходна статија

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ЈА ПОПРЕЧУВА МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА

Следна статија

ШЕФОВИТЕ НА БРИТАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА ДИПЛОМАТИИ ГО ПОЗДРАВИЈА ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО МЕЃУ ЗАЕВ И ЦИПРАС

Најново од Вести