ШЕФОВИТЕ НА БРИТАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА ДИПЛОМАТИИ ГО ПОЗДРАВИЈА ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО МЕЃУ ЗАЕВ И ЦИПРАС

//

Борис Џонсон и Хајко Мас го поздравија договорот меѓу Заев и Ципрас за решавање на долгогодишниот спор за името на нашата земја со Грција.

– Фантастична вест е дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за прашањето за името. За ова е потребно лидерство и политичка храброст. Ги охрабрувам сите политички лидери во двете земји да ги препознаат бенефитите што ќе ги донесе решавањето на ова долгогодишно прашање, напиша британскиот министер за надворешни работи на Твитер.

Неговиот германски колега порача дека „Скопје и Атина напишале историја.



„Одлична вест е дека двете страни сега најдоа решение и се согласија за името Република Северна Македонија. Тоа исто така покажува што може да се постигне ако меѓународно се однесуваме со трпение, разум и почит едни кон други. Вредеше што никогаш не се откажавме од надежта, што бевме во постојана блиска размена и што двете страни и во тешки фази секогаш одново наоѓаа компромиси. Преговорите беа долги и макотрпни. Но, на крајот решителноста и визијата на двајцата премиери и нивните министри за надворешни работи доведоа до успех. На двете Влади им честитам од срце за овој историски договор“, порача Мас.



Претходна статија

300.000 ДЕНАРИ ЗА ПОБЕДНИЦИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ СКОПЈЕ 2018

Следна статија

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЕН ПРОЕКТ ЗА НОВА ГРАДСКА БОЛНИЦА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Најново од Вести