БОГОЕВСКИ ЗА АПАСИЕВ: ТОЈ НИКОГАШ НЕ БИЛ ЛЕВИЧАР И НИКОГАШ НЕ МУ БИЛО ГАЈЛЕ ЗА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

„Aпасиев никогаш не бил левичар. Никогаш не му било гајле за работничките права, освен кога тој лично не бил засегнат. Единствена причина зошто толку се пенавеше на овие теми во минатото е бидејќи тоа му беше политички профитабилно. Исто како што сега му се профитабилни името и измислената закана против македонската нација. А верувајте, гајле му е и за името, и за нацијата, а најмалку за работникот.

Воопшто немаше да се замарам со него, доколку тој се’ уште не се обидуваше да капитализира на сметка на Шарената револуција – на протестите кои не само што не ги поддржуваше вистински, туку и активно се обидуваше да ги подрие.

Но, тоа е сосема друга приказна…“ напиша на социјалната мрежа facebook поранешниот шарен револуционер и пратеник во Собранието на Република Македонија, Павле Богоевски во пост посветен на Димитар Апасиев и Левица.