| |

Живееме во земјата на советските тоталитарни споменици, а надежта за обновување на Војничкиот споменик во Софија се оддалечува

Пишува: Елисавета Белобрадова/Фактор

Градоначалникот на Софија одлучи да го прекине конкурсот за возобновување на Спомен-обележјето на загинатите војници од Први софиски пешадиски полк и од Шестиот трновски пешадиски полк, а вчера најави дека допрва ќе размислува како понатаму.
За мене како граѓанин ова е проблем и затоа си земам слобода да објаснам зошто:

  1. Споменикот е обележје на бугарската воена слава и симбол на слободата и храброста. Токму поради оваа причина, најпрвин беше оцрнуван, а потоа уништен од комунистичките власти, за да не се сеќаваме кои сме и на што сме способни. На негово место доаѓа најнесреќниот пример на споменик, нарекуван со страшни имиња од речиси сите Софијанци.
  2. Обновата на спомен-обележјето се одложуваше со години и години од минатите градски администрации, но конечно дојде до некаква решение на кое се радувавме, се спроведе постапка и беше на пат финалето… за да потоне повторно во песокот.
  3. Лично, со години чекав ова спомен-обележје да се обнови токму онака како што беше, бидејќи неговата главна вредност е да ја врати честа на навредените и заборавени имиња испишани на него.

Одлуката што е донесена доаѓа како гром од ведро небо. Недостатокот на комуникација не само што создава тензија, туку создава политички проблем, и покрај објаснувањата, сеќавањето на нашите херои ќе стане мастика за џвакање на политичката злоба.

Никој не разбра каде и како овој проект стана неприфатлив, застарен, несоодветен и, воопшто, почна да смета.

После толку години и надежи дека ќе можам да отидам со децата на споменикот и да им кажам како бевме доволно достојни да го обновиме тоа што беше уништено од тоталитарниот режим, овој момент се оддалечува, а можеби и воопшто нема да дојде , ако се донесе некакво друго решение.
А што се однесува до аргументите дека ни треба нешто модерно, правилно би било спомен-обележјето да се обнови и да се адаптира целата околина околу него, за да биде и убаво и модерно, како во секоја европска земја земена како случаен пример.

А најтажно е што живееме во земјата на советските тоталитарни споменици, кои се издигнуваат низ целата земја – симбол на страдањето и сиромаштијата, а не успеваме ни да обновиме еден споменик уништен од истиот овој тоталитарен режим.

„…и те за теб достойни, майко, бяха…“, ние да му мислиме.



Слични Објави