Јотова: РСМ да ги исполни обврските; Пендиков: Таму има уште многу Бугари кои се борат за нашата кауза
Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова му ги врачи документите за бугарско државјанство на Христијан Пендиков, јавува БГНЕС.
Јотова изјави дека денеска и претставува голема чест на Пендиков да му врачи документите за бугарско државјанство.
„Од денеска ќе ги имате правата на секој бугарски граѓанин“, изјави таа и посочи дека од денеска Пендиков станува и европски државјанин.
Јотова истакна дека врховниот закон ни наложува да ги почитуваме правата на човекот, неговото достоинство и безбедност. „Сите мора да ја штитиме Бугарија“, категорична е таа.
Потпретседателката истакна дека е горда што може да ги врачи бугарските документи на млада и храбра личност која останала доследна на својата бугарска самосвест и идентитет.
Јотова е децидна дека Бугарија е рамноправна членка на ЕУ и бара РСМ во својот устав да ги вклучи правата на македонските Бугари.
„Инсистираме нашите соседи од РСМ да ги исполнат сите свои обврски, како што ги исполнува Бугарија. Ова е најкраткиот пат до членство во ЕУ“, рече потпретседателката.
Пендиков се заблагодари на претседателот, потпретседателката, ресорните министерства, полицијата и уште многу луѓе кои му помогнале и поддржале. „Во Македонија има уште многу Бугари кои се борат за нашата кауза и тие исто така треба да добијат бугарска заштита и бугарско државјанство“, рече тој.
На свеченоста присуствуваа министерот за надворешни работи Иван Кондов, заменик министерот за надворешни работи Костадин Коџабашев, министерот за правда Крум Зарков, експертите од МНР на Бугарија Ванја Андреева и Желјазко Радуков, проф. д-р Ана Кочева, доц. д-р Спас Ташев и др.
Фото: Радина Лазарова





