|

Латвија уапси 26 лица кои го славеле Денот на победата и покрај забраната

Триесетина жители на Латвија, која е членка на ЕУ и на НАТО, биле уапсени во вторникот поради кршење на законот против славењето на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, пренесува РТ.

Латвиската полицијата дури му ја одзедела и јакната со испишано „Русија“ на човек во инвалидска количка, а друг Латвиец бил уапсен затоа што носел советски медали на јавно место.

Во билтенот на латвиската полиција вчера биле пријавени вкупно 26 апсења, 38 прекршочни пријави и четири кривични пријави, пренесува „Делфи“. Иако повеќето случаи се регистрирани во главниот град Рига, повеќе апсења имало и во Даугавпилс.

Во еден инцидент, постар граѓанин што полицијата го опишала како „ премногу млад за да биде ветеран од Втората светска војна“ се појавил облечен во јакна со советски медали. Кога полицијата му рекла да ги тргне, тој дал отпор при апсењето.

Nulles tolerance Daugavpilī: policija aiztur pirmo 9. maija svinētāju.

Lasi vairāk: https://t.co/grnWQtItTI pic.twitter.com/KI3RcKH3HL

— TV3 Ziņas (@TV3zinas) May 9, 2023

Петмина Латвијци биле уапсени за полагање цвеќе „со симболите на воената агресија“ на Споменикот на слободата во Паркот на победата во Даугавпилс и подоцна биле обвинети за „јавно истакнување симболи со кои се глорифицираат илитаристичката агресија и воените злосторства.“

Двајца мажи што зборувале руски биле уприведени во паркот „Дубровински“ во Даугавпилс откако даке изјави за ТВ3, а подоцна биле обвинетеи зашто изјавиле дека во Укрина на власт се вратиле фашистите со поддршка од ЕУ.

Латвискиот парламент во април ја забрани прославата на Денот на победата како „омаловажување и поткопување на вредностите на Летонија како демократска и национална држава преку поделба на општеството, глорификацијата на војната, воената агресија и на тоталитаризмот, како и лажно толкување на историските настани“.

Pārdaugavā monumentu okupācijas armijai novāca, bet Daugavpils centrā to lēma atstāt. Lielākais Baltijas valstīs. Šodien ,kā jau katru gadu 9.maijā, faniem ir kur pulcēties. pic.twitter.com/PKo52JMgXs

— Nepareizais (@realNepareizais) May 9, 2023

Летонците сепак масовно излегоа да положат цвеќе на гробиштата и спомениците на борците од Втората светска војна. Повеќето апсења и казни беа за полагање цвеќиња на „забранети места“, на кои своевремено имало советски споменици пред владата во Рига да ги уништи.

Латвија и другите балтички републики, кои беа дел од Советскиот Сојуз до 1991 година, тврдат дека советскиот период кај нив бил незаконска окупција и често ги глорифицираат како патриоти некогашните соработници на Нацистичка Германија.



Слични Објави