Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Патријархот Неофит беше наш сакан брат
„Дојдовме да му оддадеме последна почит на Неофит, тој беше наш сакан брат. Ова го изјави вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој пристигна во Софија за да присуствува на погребот на бугарскиот патријарх Неофит.
„Го молиме Бога за упокојувањето на неговата душа и за избор на негов наследник, кој ќе биде духовен отец на сите Бугари“, додаде Вселанскиот патријарх.
На прашањето на БГНЕС, Вартоломеј не сакаше да одговори дали Руската црква предизвикува раскол во православниот свет.

