| | |

„Добрите“ руски агенти

Пишува: Атанас Величков

Бугарија со руските агенти, безродници, кои останале во историјата како подизведувачи на имперските, а подоцна и на болшевичките интереси на руската мечка има проблем од првите денови на Третата бугарска држава. Тоа е чума, што ја мачи Софија до ден денешен и покрај фактот, што веќе повеќе од 30 години комунизмот не е државна идеологија, а Бугарија одамна е дел од НАТО и ЕУ. Тоа е ноторен факт, но исто така е и испит што Бугарија треба да го положи не пред титовистите со сменети евроатлантски дресови во Скопје, а пред своите сојузници во Брисел и Вашингтон.

Депутинизацијата за која зборува поранешниот министер за одбрана и експерт за национална безбедност Бојко Ноев е токму дел од процесот за „прочистување“ на Бугарија от руските агенти, кои својот сталинизам и антибугарско делување, вешто го кријат под воалот на филозофијата „да се наведнеме додека бурата нè одмине“.

Овој вовед е потребен за оние македонски аналитичари, кои дури сега се сетија дека Белград е испостава на Москва и дека „руски агенти“ им ја реметат евроатлантската идила преку своите неограничени можности и провокаторски манири.

Не е на одмет да се потсетиме дека не секогаш и не сите „руски агенти“ работеле против Македонија и наметнатиот врз нејзе антибугарски македонизам. Напротив. Токму руски агенти и тоа на високи позиции во Бугарија работеле на тоа македонизмот во неговата сталинистичка форма да стане реалност и денеска неговите плодови на бугарска територија, да бидат користени од божемните прозападни аналитичари, како муниција плус во борбата против разбудената Бугарија. За да бидеме докрај објективни, треба да се напомене, дека руските агенти во Бугарија, не ѝ сметаа на РС Македонија, додека Софија се обидуваше на секаков начин да покаже дека „со кроце и со благо“, може да добие барем трошка испросена почит од државната елита овде, чија папочна врвка не е фрлена во Вашингтон или Брисел, туку во Белград.

Еден од омилените историски ликови на борците против „живковизмот“ и кочењето на европеизацијата на РС Македонија, која нели треба да се спаси и од српското влијание е Георги Димитров. Син на бежанци од Пиринска Македонија, еден од водачите на Бугарската комунистичка партија, еден од обвинетите за палењето на Рајхстагот во 1933 г., добил ослободителна пресуда на Лајпцискиот процес, претседател на Коминтерна, лојален вршител на сталинистичката политика во Бугарија и на Балканот и изведувач на проектот „Македонизација на Пиринска Македонија“. Токму поради таа македонизација, Димитров во РС Македонија, продолжува да биде сметан за некаков вонсериски демократ, кој им го дал правото на „етничките“ Македонци од Пиринска Македонија слободно да ја истакнат својата етничка припадност во периодот на т.нар. Културна автономија на Пиринска Македонија.

Се разбира за да се случи тоа национално предавство, теренот требало да биде расчистен од старите вмровци-михајловисти. Протогеровистите во својот поголем дел, одамна или се повлекле од активна дејност или ги прифатиле идеите на македонизмот.

Овде на сцената стапува Лев Главинчев, активист на ВМРО, протогеровист по 1928 г., касап во буквалната смисла на зборот и физички извршител на стотици убиства на „македонски фашисти“, според зборовите на неговиот сопствен брат Павел. Стотици се убиените активисти на растурената во 1934 од српските агенти во Софија ВМРО, по доаѓањето на комунистите на власт во 1944 г., начело со професионалниот организатор на државни удари Кимон Георгиев и верниот слуга на Сталин Георги Димитров. Лев Главинчев, од Охрид, како началник на Народната милиција зема лично учество во тие убиства.

Неговиот лик и дело се речиси непознати за поголемиот дел од македонската јавност, но неговото активно пропаѓирање на македонизмот и веќе спомнатите стотици убиства на михајловисти, нивни симпатизери и воопшто македонски Бугари дел од бугарската интелигенција, заслужува да биде проучен од денешните „борци“ против „руско-српските агенти“, кои го кочат европеизирањето на РС Македонија, подржувајќи го бугарското вето за почетокот на преговорите со Европската унија на официјално Скопје.

Димитров и Главинчев се „добрите руски агенти“. Едниот „демократ“, а другиот „оддаден на македонската кауза борец“, со една иста идеологија, секогаш против Македонија и во услуга на Сталин и СССР. Трагичниот крај на овие руски агенти, треба да служи како потсетување за сите лицемерни ликови, кои денеска глаголат за некаков договор со Бугарија, кој треба да стави печат на одобрување и прифаќање на црнилата извршени врз македонските Бугари.

Сите што биле убиени, затворани и малтретирани, затоа што одбиле да ги следат наредбите на Сталин и неговите верни кучиња Тито и Димитров, ќе ја добијат својата рехабилитација. Наследниците на Бугарите во Македонија, кои беа основниот мотор за независноста на македонската држава, ќе ги добијат своите права загарантирани и во највисокиот правен акт на државата- Уставот.

Тоа ќе биде трагичниот крај на негаторите и релативизаторите на бугарштината во Македонија. Болен крај, што доаѓа и не може да биде запрен, дури и од свежо разбудените лицемерни „прозападно ориентирани“ паметни глави, кои сакаат да промовираат демократски вредности, поткачени на стара бочва за вотка, покриена со знамето на Европската унија.

Слични Објави