| |

ЦЕРАР: ПРАШАЊЕТО ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ ТРЕБА ДА БИДЕ САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ

Словенија останува верен партнер на Македонија, и ги поддржува сите историски функции кои ги презема за патот до Европската унија и НАТО. Ова го рече потпретседателот на словенечката влада, и министер за надворешни Миро Церар кој денеска на покана на неговиот македонски колега Никола Димитров е во официјална посета на нашата земја. Со постигнатото 2/3 мнозинство во собранието е постигнат позитивен резултат, и за Словенија овој резултат е легитимен, рече Церар.

„Моја прва официјална посета откако ја преземав функцијата. Македонија ќе носи историски одлуки кои ќе бидат важни и за целиот регион. Словенија целосно ја подржува Македонија на овој пат. Задоволен сум што во парламентот беше постигнато двотретинско мнозинство. Свесен сум дека консултативниот референдум не го исполни правниот услов за цензус но, ние сметаме дека резултатот беше позитивен и испрати силна порака од народот за влез во ЕУ и НАТО и затоа овој процес во Собранието е легитимен. Прашањето за членство треба да биде само прашање на време, треба да започнат претпристапните преговори што Македонија го заслужува. Без реформи не може да се достигнат резултати кои би ја однеле Македонија во ова динамично време нема да може да се одговори на предизвиците и да се стане конкурентен. Со европски колеги рамноправно Словенија може да ги каже своите барања и да ги решава своите проблеми без оглед колку е голема. Таа можност треба да ја добие и Македонија. Нашите земји имаат зголемена соработка, расте туризмот, трговската размена и инвестициите и може да направиме и поголеми чекори. И понатаму да живееме во добросостојба и соработка, остануваме ваш силен поддржувач“, рече Церар.

Димитров реле дека му е посебна чест во овие историски важни моменти за Македонија што Церар ја посетува државата.

Слични Објави