Мерц ќе го пречека Румен Радев со воени почести во Берлин на 18 мај
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе го пречека новиот бугарски премиер Румен Радев со воени почести во Федералната влада на Германија на 18 мај 2026 година од 17:00 часот. Тоа е наведено на официјалната веб-страница на германската Влада, јавува БГНЕС. Разговорите ќе бидат посветени на билатералната соработка, европската политика и меѓународната безбедност, се наведува уште во соопштението.
БГНЕС потсетува дека на 11 мај бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, за време на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, соопшти дека Радев ја прифатил поканата од Мерц. Ова ќе биде и првата посета на Радев во својство на премиер.
На прашањето каква е пораката на Бугарија со оваа прва посета, Петрова-Чамова одговори: „Јасно зацврстување на силната европска позиција и работа во рамките на Унијата. Сакаме да ја гледаме Унијата сè посилна и посилна.“

