|

Жалбите за доживотните казни и ослободениот татко на Вања денеска пред Апелација

Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе ги разгледува жалбите за пресудата во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Жалби поднеле одбраната на осудените, но и Основното јавно обвинителство, кое ја оспорува ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Кривичниот суд во Скопје во јуни минатата година ги осуди Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за грабнување и свирепо убиство на Вања и Панче, додека Александар Ѓорчевски беше ослободен поради недостиг на докази.

Според обвинението, грабнувањето на 14-годишната Вања било организирано за изнуда на пари од нејзиното семејство, а Панче Жежовски бил киднапиран за да биде искористено неговото возило во планот.

Вања и Панче исчезнаа кон крајот на ноември 2023 година, а нивните тела беа пронајдени на 3 декември во близина на Скопје и Велес.



Слични Објави