Бугарија го има својот прв воен пилот на авион F-16
На церемонија во 162-та ескадрила на американското воено воздухопловство, капетан Александар Велинов доби признание за прв бугарски воен пилот кој го поминал курсот за почетна обука за летање со Ф-16, јавува БГНЕС.
Иако церемонијата беше скромна и неформална, резултатите се огромни.
Бугарија на почетокот на 2020 година потпиша договор за купување на авион F-16 со очекувана испорака во 2023 година. Капетан Велинов беше избран за еден од четворицата пилоти кои посетуваа специјализиран курс по англиски јазик пред да го завршат целиот курс за обука во САД.
„Ние сме горди на капетанот Велинов и на целата бугарска авијација“, изјави бригадниот генерал Џефри Батлер, командант на 162-та ескадрила. „Нивната обука овде во Аризона ги зајакнува и Европската унија и НАТО алијансата“, рече тој.
F-16 треба да ги замени старите бугарски ловци МиГ-29.
„Кога ќе се вратам во Бугарија, F-16 ќе биде сосема нов авион за земјата, така што зависи од првите пилоти кои ќе бидат обучени во САД да ја изградат основата и да постават висок стандард на работа. Бидејќи Бугарија планира да премине на авиони F-16 што е можно поскоро, мојата обука во Тусон е од витално значење“, рече капетанот Велинов.

