Бугарско-македонската граница замрзна
Бугарско-македонската граница замрзна. Ја зафати ладно време а нема ни патници, јавува БГНЕС.
На граничниот премин Ѓуешево денеска е меѓу 0 и минус 1 степен, врне дожд и снег. Иста е ситуацијата и од другата страна – на пунктот Деве Баир во Северна Македонија.
Нема патници. Единствените што ја минуваат границата се оние кои имаат некаков бизнис и оние кои доаѓаат во Бугарија за да го добијат своето бугарско државјанство.
Граничната полиција соопшти дека нема сообраќај, ги нема и туристите и оние кои одат за викенд на пазар или на ручек во Крива Паланка.
Дежурниот на пунктот за БГНЕС изјави дека од утрото не поминале ни три автомобили, а традиционално многу Бугари ја посетувале Крива Паланка за викенди.
„Минатата година имаше 100-150 автомобили. Но и од другата страна веќе е празно, не остана ниту еден човек“, вели дежурниот на граничниот премин Ѓуешево.
Граничарот се врти кон македонската граница и додава: Тажна слика, ова не е добро. Се случува со часови да нема кола.
