Во Давос Марија Габриел се сретна со нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба и лорд Дејвид Камерон
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугариja Марија Габриел во Давос се сретна со министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и со државниот секретар на Обединетото Кралство за надворешни работи, Комонвелтот и развојот лорд Дејвид Камерон, соопшти прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија, пренесува БГНЕС.
На средбата се разговараше за помошта за Украина и предизвиците со кои се соочува земјата.
„Бугарија ќе продолжи да ја брани својата конзистентна позиција за поддршка на Украина. Со напорите на трите парламентарни групи ГЕРБ-СДС, ПП-ДБ и ДПС беа усвоени голем број важни одлуки. Денеска уште еднаш испраќаме порака за обединети напори во справувањето со предизвиците“, изјави Марија Габриел.
На средбата со лорд Камерон станало збор и за стратешкото партнерство меѓу Бугарија и Обединетото Кралство и за потпишаната заедничка декларација. Во фокусот на дискусијата беа и тековните акции за борба против илегалната миграција, иновациите и можноста за партнерство во рамките на програмата на ЕУ „Хоризонт Европа“ – најголемата програма во светот за наука и иновации.

