| |

Ангел Џамбазки ја презема ВМРО

Ангел Џамбазки прифаќа да стане кандидат за претседател на ВМРО-Бугарското национално движење на претстојниот конгрес, јавува БГНЕС. Од штабот на ВМРО соопштија дека кандидатурата и официјално е потврдена со допис испратен до раководните органи на партијата, со истиот располага и БГНЕС.

Според запознати во ВМРО се наѕира геополитички судир на позадината на проруските и путинистичките позиции на Красимир Каракачанов. Џамбазки во своето писмо до раководството на партијата пишува: „Во однос на геополитичката ориентација на ВМРО, за мене нема дилема за ова прашање, одговорот го формулирале Тодор Александров и Иван Михајлов. Недвосмислено и конзистентно. Бугарската држава, нација, култура се во основата на европската цивилизација“. Тој е категоричен и дека во Бугарија нема место за странски агенти, за странско влијание и за „спомен“ обележја во прослава на странските окупаторски војски.

Џамбазки во писмото до неговите политички соработници ја прифаќа „кандидатурата за претседател со сета одговорност и обврски“ што произлегуваат од истата. Според потврдени информации од извори во ВМРО, на конгресот ќе има уште еден кандидат – почесниот претседател Красимир Каракачанов, кој ги дели геополитичките ставови на Кремљ.

Џамбазки апелира преостанатиот еден месец до конгресот да се искористи за дискусии за улогата и местото на ВМРО на политичката сцена. „Првото и најважното прашање што мораме да си го поставиме и да одговориме е: „Што е добро за Бугаринот?“, смета тој.

Според него, ВМРО треба да продолжи да предлага и да наметнува политики за унапредување на образованиот наталитет, борба против домашниот етнички криминал и самоизолација и категорично да се спротивстави спречи „увозот“ на небугарско население.

Џамбазки, се спротивставува и на левичарско-либералните утопии, во писмото тој вели дека „ќе следи конзервативна политика во духот на „челичната дама“ Маргарет Тачер“.

„Нема да биде лесно, нема да биде наскоро, веројатно ќе биде потребно време. Мора да бидеме доследни, упорни и убедени бугарски националисти, достојни за името што го избравме. На претстојниот конгрес ќе ви понудам детална политичка програма, како и мои ставови за големината и кадровскиот состав на органите на управување и контрола на ПП „ВМРО – Бугарско национално движење“. Се радувам на разумен и смислен разговор за иднината на ВМРО и Татковината“, заклучува Ангел Џамбазки во своето обраќање.



Слични Објави