КБК „ФАЈТ ТИМ“- СКОПЈЕ СЕ ВРАТИЈА СО СРЕБРЕНИ И БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ ОД ПРВЕНСТВОТО ПО КБК ВО НИШ

На 4-тото првенство по кик- бокс „Балкан Бест Фајтер 2019“ кое се одржа во Ниш, и покрај големата конкуренција на натпреварувачи, кик- бокс клубот „Фајт Тим”- Скопје, успеа да се квалификува на 3-тото место за натпреварувачот Борјан Трајков, Александар Глушкин во дисциплината К1 со освоено 3-то место и Викторија Ивановска во борба со европската шампионка Наталија Савиќ, го освои 2-то место.

Тренерот на КБК „Фајт Тим“- Скопје, Тони Стојановски, изјави дека е задоволен од борбите на своите натпреварувачи, но не и од организациониот протокол во делот на судиите, покрај недостатоците и негативностите кои беа дел од ова спортско збиднување.

„И покрај тоа што не успеаа да се квалификуваат на 1-то место, сепак покажаа квалитетна борба. Ова е уште едно искуство за нас како клуб и мотивација и поттик да продолжиме и понатаму поинтензивно со работа“, изјави тренерот на КБК „Фајт Тим“- Скопје, Тони Стојановски.

Слични Објави