| |

Дејвид Камерон во Софија: Путин мора да види дека погрешил

Имавме важни разговори за Украина. Путин треба да види дека греши и Бугарија ја покажува својата солидарност, како Обединетото кралство и многу други земји. Ова во Софија го изјави министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство, лорд Дејвид Камерон, јавува БГНЕС.

Во заедничката изјава со премиерот Николај Денков и вицепремиерката Марија Габриел, Камерон потсети дека веќе ја посетил Бугарија во својство на премиер. Тој истакна дека Бугарија е важен партнер на Обединетото Кралство и сојузник во НАТО.

Главниот фокус на разговорите во бугарската влада беше војната на Русија против Украина.

Камерон упати апел од Софија до американскиот Конгрес кој денеска гласаше за пакет економски мерки.

Имаме економски, воени и дипломатски можности. Сега е потребна само политичка волја од страна на земјите кои ја поддржуваат Украина, истакна Дејвид Камерон.

Ви честитам за откажувањето од руската нафта и гас. Дезинформациите кои доаѓаат од Русија ги погодуваат сите земји. Миграцијата е тема против која се насочуваат гласачите, рече уште Дејвид Камерон во Софија и ја истакна потребата од споредливо вооружување и капацитети во НАТО.

Шефот на дипломатијата на Обединетото Кралство истакна дека Бугарија ги презема неопходните чекори за да го запре увозот на чамци и мотори што се користат од луѓето што превезуваат мигранти.

Мора да се спротивставиме на организираните криминални банди кои вршат трговија со луѓе, нагласи британскиот прв дипломат.

Дејвид Камерон соопшти дека со Денков и Габриел разговарале за бугарската влада и формулата за владеење.

Јас самиот сум бил во коалиција. Драго ми е што ги гледам добрите резултати на коалицијата и во Бугарија, истакна Камерон.

Слични Објави