| |

Габриел: Нашата заедничка поддршка за Украина продолжува и истата ќе продолжи се додека е потребно

Задоволство ми е да ви посакам добредојде во Бугарија, лорд Камерон. Ви благодариме за конструктивниот и срдечен разговор. Нашата средба беше добра можност за зајакнување на стратешката соработка во клучните области. Го истакнувам фактот дека Бугарија и Обединетото Кралство се стратешки сојузници во НАТО, заедно бараме решенија за глобалните предизвици. Денеска главни теми на нашиот разговор беа темите од нашата билатерална евроатланска агенда. Ова го изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел, јавува БГНЕС.

Нашата заедничка поддршка за Украина продолжува, таа е финансиска, воена, хуманитарна, дипломатска и истата ќе продолжи се додека е потребно. Денес е важно да се обезбеди одржливост и предвидливост на поддршката за Украина, додаде Габриел.

Регионалната стабилност ни е важна, а главниот фокус е Црното Море. Драго ми е што имаме добра поддршка, Црното Море е стратешки важно за НАТО, за Обединетото Кралство и за Бугарија. Денес, повеќе од кога било, мора да продолжиме да работиме заедно против феноменот што се развива секој ден, а кој се користи за поделба на општеството и партнерите. Благодарна сум за соработката во областа на сајбер безбедноста и борбата против дезинформациите. Во миграцијата имаме добри примери на соработка, додаде Габриел. Ја цениме оваа соработка преку заедничките операции и заедничките тимови за истражување на трговијата со луѓе и компјутерскиот криминал. Ви благодариме за поддршката на Обединетото Кралство, за членството на Бугарија во ОИСР, рече уште Габриел.



Слични Објави