|

Парламентарните и претседателските избори ќе бидат распишани денеска

Денеска попладне се очекува претседателот на Собранието Јован Митрески да ги распише претседателските и парламентарните избори 2024.

Седмите претседателски избори, според политичкиот договор, треба да се одржат на 24 април, додека на 8 мај ќе се одржат единаесетите парламентарни избори, коишто овој пат ќе бидат редовни. Доколку има втор круг од претседателските избори, тие ќе се совпаднат со парламентарните избори и ќе се одржат на 8 мај.

Откако Митрески ќе ги потпише решенијата за распишување на изборите, според Изборниот законик, тие треба да бидат проследени до Државната изборна комисија (ДИК), која ќе усвои роковници со што почнуваат изборните дејствија. Кампањата за претседателските избори се очекува да започне на почетокот на април и неколку дена да се совпадне со кампањата за парламентарните избори. Според објаснувањата од ДИК, за двата изборни процеси ќе има посебни роковници за спроведување на изборните дејствија.

Како подготовка за одржување на парламентарните избори на 28 јануари годинава, на 100 дена пред изборите беше формирана техничката Влада чиј претседател е Талат Џафери. Тој со неа ќе раководи до изборот на нова политичка влада.



Слични Објави