| |

(Видео) Ковачев: Албанија може да се одвои од РСМ, ако Скопје не ги исполни условите

„Албанија ја смета Бугарија за една од најважните земји на Балканот, имаме долги историски врски, имаме многу заеднички работи. По мојата средба со Рама и со претседателот на парламентот, сите сакаат да ги продлабочат односите со Бугарија – туризам, економија, се разбира геополитика“. Ова го изјави европратеникот на ЕПП/ГЕРБ Андреј Ковачев во студиото на „Добро утро, Европа“ на Евроњуз Бугарија.

„Албанија може да биде одвоена, ако Северна Македонија не ги исполни условите (со Бугарија), нема пречка Албанија да оди напред“, нагласи тој.

Мицкоски сака да стане премиер, тој води на анкетите и мислам дека може да ги поправи работите откако ќе стане премиер. Очигледно не сака да помогне со Уставот, но нивна работа е да ги исполнат условите на ЕУ, ова е многу важно – тоа се европски барања.
Но, на крајот зависи од нив и дали ќе ја идентификуваат оваа тема како важна предизборна тема“, додаде Ковачев.

„Бугарија отсекогаш била добронамерна, сакајќи да си помагаме и да бидеме заедно со РСМ во ЕУ“, нагласи тој.



Слични Објави