МИЦЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ СЕКОГАШ РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА ДРЖАВАТА И НА ГРАЃАНИТЕ

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Република Македонија секогаш работи во интерес на државата и граѓаните и токму затоа активно го даде својот придонес во реформата на безбедносниот и разузнавачкиот сектор, кои се од клучна улога за евроинтеграцискиот процес.

– Изминатиот период имавме два закони предложени од страна на Владата тоа беа законите за трансформација на УБК во нова Агенција за национална безбедност и Закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Овие закони беа клучни за нашите евроинтегративни процеси и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ во интерес на државата и нејзината иднина го даде својот придонес кон подобрување на овие два закони, вели Мицевски.

Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во соработка со експерти од оваа област водеа преговори со Владата за подобрување на законите за Агенција за национална безбедност и координација на безбедносно-разузваначката заедница, каде во предвид беа земени експертските мислења на релевантните меѓународни стручни тела од областа, а резултатот од тоа се 50 договорени амандмани за подобрување на законските решенија.

Во законот за Агенција за националнана безбедност постигнати се подобрувања во делот на заштита на човековите права, поголема контрола од страна на Собранието, начин на избор на директор и заменик директор на АНБ и воведување на категоријата „судир на интереси“ во најширока можна смисла за сите кадровски решенија. комисијата исто така за прв пат добива увид во материјално- финансиското работење на Агенцијата за национална безбедност, како и во начинот на користење на средствата за т.н. посебни намени, до истата мора да се доставува годишната програма за работа како и цел сет на мерки и активности кои ги презема АНБ, нагласи Мицевски.

Тој посочи и дека со законите јасно се предвидува и прецизира улогата на ОТА без која не може да има следење на комуникации од било кој вид, а исто така ќе се пристапи и кон изработка и усвојување на закон за собраниски надзорни тела со што во надзорот над службите дополнително ќе се зголеми контролата од страна на Собранието.