МАКРОН СЕ НАДЕВА НА ПОЗИТИВЕН НАПРЕДОК ВО СПОРОТ МЕЃУ САД И ИРАН
Францускиот претседател Емануел Макрон изрази надеж за напредок во иранско-американскиот спор за време на средбата на светските лидери на самитот на Генералното собрание на ООН, пренесува АФП.
Според Макрон нападот врз саудиските нафтени комплекси изведен на 14 септември и за којшто е обвинет Иран, ја засилил нестабилноста на Блискиот исток.
Се очекува во следните денови Макрон да оствари средби со американскиот претседател Доналд Трамп и со иранскиот претседател Хасан Рохани.