КИЦ „Босилеград“ слави 26 години од своето откривање
Во веќе далечната 1997 година беше регистриран КИЦ ,,Цариброд”. Во пролетта на 1998 центарот беше отворен во Цариброд. На 2 октомври беше отворен неговиот огранок во Босилеград, кој подоцна прерасна во самостоен Културно информативен центар. Ова на социјалната мрежа Facebook го пишува првиот човек на КИЦ ,,Босилеград” Иван Николов.
,, Овој значаен датум немаше да биде возможен без истрајноста и силата на бугарскиот дух во Босилеград и без силната поддршка на бугарските државни институции , општествени организации , влијателни личности , медиуми и културни дејци. Меѓу нив несомнено се и граѓаните на Босилеград. По овој повод дирекција култура и КИЦ ,,Босилеград” подготвуваат музичко- поетски спектакл ,,Со Бугарија во срцето”.
На настанот кој што ќе се одржи на 4-ти октомври , петок, во салонот на КИЦ ,,Босилеград” ќе бидат рецитирани песни со длабока патриотска насоченост од творештвото на поетесите Светлана Јонкова и Петја Јотова. Освен тоа ќе бидат прочитани и стихови на Ивајло Балабанов, Балчо Балчев, Павлина Јосева и Марина Матеева”, станува јасно од објавата на Иван Николов, прв човек на КИЦ ,,Босилеград”.
Порталот Трибуна ја честита годишнината на КИЦ ,,Босилеград”.