МИЦКОСКИ РЕЧЕ ДЕКА ЗАЕВ ТРЕБА ДА ПАДНЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ВОЗДИГНЕ, АМА НЕ СПОМНА НИШТО ЗА НАПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО
Од протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, претседателот на партијата Христијан Мицкоски изјави дека за Македонија да се воздигне, Заев треба да падне и подвлече дека токму тоа е главната цел пред партијата. Мицкоски не спомна ништо за можно напуштање на Собранието и започнување на масовни протести предводени од неговата партија против, како што го нарече капитулантскиот договор што го потпишале предавниците. Повиците на голем број членови и симпатизери на партијата објавени на социјалните мрежи за протести и напуштање на собранието од страна на пратениците, остануваат без одговор од страна на високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.