Бугарија со уште еден чекор поблиску до влез во Еврозоната
Министерката за финансии на Република Бугарија, Теменушка Петкова, и гувернерот на БНБ Димитар Радев, денеска потпишаа заедничко писмо со барање за вонреден извештај за конвергенција и го испратија до претседателката на ЕК , Урсула фон дер Лајен и до претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, јавува БГНЕС.
Писмото е подготвено и испратено врз база на одлука на бугарскиот Парламент. Претстои ЕЦБ и ЕК да направат оценка. Одлуката ќе биде разгледана во Советот за економски и финансиски прашања , потоа во евро-групата и европскиот Парламент.
,,Пред Бугарија се повеќе чекори преку кои таа да покаже дали сме подготвени за воведување на еврото од први јануари 2026 година”, изјави бугарскиот премиер Росен Жејлазков.
