|

ВУЧИЌ СО НОВА ДОЗА „ПАТРИОТИЗАМ“ ЗА ДОМАШНА УПОТРЕБА

Во интервју за српската телевизија „Прва“, претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека и покрај притисокот од меѓународниот фактор, решение за Косово нема да има ако Србија биде понижена.

На прашањето како ја коментира изјавата на Едвард Џозеф дека решението за косовскиот проблем е во негови раце, Вучиќ кажа дека тоа е работа која му наметнува дополнителен товар.

„Србија и Србите не можат да се согласат да го признаат Косово. Ние тоа не го сакаме. Луѓето од меѓународната заедница треба да знаат дека нема да има решение за Косово ако Србија биде понижена. Тие знаат дека на Србија и се брза кон Европа и ве ставаат во ситуација да мора да размислите што вреди повеќе“, изјави Вучиќ.

Слични Објави