КУМАНОВСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ГО ИЗГАСИЈА ПОЖАРОТ ВО АТАРОТ НА СЕЛО ОРАШАЦ

//

Кумановските пожарникари утрово во 2:45 часот го изгасија пожарот кој избувна завчера во атарот на село Орашац во кој беше зафатена шума, нискостеблеста и деградирана шума, сува трева.

-Пожарот е изгаснат а беше зафатена поголема површина. Пожарникарите интервенираа два дена на овој простор, изјави шеф на смена од ТППЕ Куманово, Ненад Кирпијановски.

Во последниве 24 часа, деветмина пожарникарите интервенираа со три противпожарни возила, а во гасењето на пожарот кој избувнал на тешко пристапен терен за возила се вклучиле и седум шумочувари.
Кумановските пожарникари вчера два часа интервенирале и во село Матејче на запалена сува трева и нискостеблеста шума со едно противпожарно возило.



Претходна статија

ВУЧИЌ СО НОВА ДОЗА „ПАТРИОТИЗАМ“ ЗА ДОМАШНА УПОТРЕБА

Следна статија

ФОРД ИЗЛЕТА ОД АВТОПАТОТ КУМАНОВО-СКОПЈЕ, ВОЗАЧОТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН

Најново од Вести