Бугарската партија ДПС достави предлог за одобрување на нацрт-преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија

/

Бугарската политичка партија ДПС до Националното собрание достави предлог за одлука на Националното собрание за одобрување на нацрт-преговарачката рамка за членство на Република Северна Македонија и Албанија во ЕУ, предложена од француското претседателство. Ова го соопшти лидерот на движењето Мустафа Карадај, по изгласувањето недоверба на кабинетот на Кирил Петков.

– Зошто го направивме тоа – една година овие министри, чија оставка ја прифативме пред малку, и половина година овој кабинет, за чие гласање за недоверба, не направија ништо во оваа насока. Можеме да кажеме дека тие се обидуваа да му попречат на тој процес со тоа што едно зборуваа во Брисел, а друго во Бугарија, тоа е како лага, рече Карадај.

Во декларација од собраниската говорница претседавачот на пратеничка група на ГЕРБ Десислава Атанасова, соопшти дека и ГЕРБ-СДС се подготвени со предлог-проект за одобрување на преговарачката рамка со Република Северна Македонија, што ќе биде гаранција дека Бугарија и бугарските национални интереси ќе бидат заштитени.

Таа ги повика сите партии да ја поддржат иницијативата. Партијата бара и од премиерот во оставка Кирил Петков и неговата влада веднаш да го одобрат билатералниот протокол.

Атанасова потсети дека лидерот на ГЕРБ и пратеничката група јасно го кажале својот став за францускиот предлог за Северна Македонија.

– Ова е најдобриот предлог добиен досега. Потребни се неколку корекции за да соодветствува, сметаат од ГЕРБ.



Групата нагласува дека Кирил Петков никогаш не успеал да подготви бугарски предлог за случајот и се криел и водел двојна надворешна политика.

Претходно бугарските парламентарци му изгласаа недоверба на актуелниот премиер Кирил Петков. Вкупно 123 пратеници од ГЕРБ-СДС, ИТН, ДПС и Преродба за првпат гласаа „за“ смена на кабинетот – 116 од „Продолжуваме со промената“, беа „против“ како и БСП и Демократска Бугарија.

Извор: zoom.mk



Претходна статија

Бугарскиот Парламент изгласа недоверба на бугарската Влада

Следна статија

Премиерот, министрите и пратениците се приклучија на митингот за поддршка на владата на Бугарија

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да