| |

Нејнски: Достигнувањата на Петко Динев се пример за бугарскиот придонес во космичките мисии

Достигнувањата на инженер Петко Динев, применети во мисиите Артемида 1 и Артемида 2 на НАСА, се пример за бугарскиот придонес во современите космички проекти, изјави Надежда Нејнски при посетата на Софија Тех Парк, јавува БТА.

Динев престојува во Бугарија на 27 и 28 април по покана на министерството за надворешни работи. Нејнски нагласи дека неговата работа во областа на оптичките и дигиталните визуелни технологии нашла примена во двете мисии на НАСА и претставува значаен придонес за бугарско-американската соработка.

Таа посочи дека посетата се одвива во контекст на значајни годишнини во односите меѓу Бугарија и САД, вклучително 250 години од основањето на САД, пет години од обновувањето на Договорот за научно-технолошка соработка и 20 години од договорот за соработка во одбраната.

Според Нејнски, покрај традиционалните области, сè поголемо значење добиваат високите технологии, иновациите, вештачката интелигенција, дигиталната инфраструктура и космичките технологии. Таа го истакна потенцијалот на Бугарија во овие сфери и можностите за продлабочување на соработката со САД, вклучително во области како вештачка интелигенција, квантни компјутери, роботика и истражувачка дејност.

Министерката изрази подготвеност за заеднички иницијативи со цел зајакнување на технолошката отпорност и економскиот развој.



Слични Објави