|

Идентификацијата на жртвите од автобуската несреќа ќе трае седум дена

Процесот на идентификацијата на жртвите од автобуската несреќа, врз основа на ДНК материјали, ќе трае седум дена. Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по средбата во Софија со бугарскиот главен обвинител надлежен за истрагата.

ДНК анализата ќе се врши во Бугарија.

Османи се извини на семејствата што не може да им дадат индивидуални информации по однос на починатите, бидејќи мора да го почекаат процесот на идентификацијата. По индетификацијата, државата ќе ги преземе телата и ќе организира транспорт со погребални возила во Скопје.

Шефот на дипломатијата во однос на истрагата посочи дека шпекулациите не помагаат, штетни се и невистинити. Не треба да се продолжи со овој тренд на шпекулирање во однос на причините за несреќата, рече Османи, бидејќи ја влошува и така тешката емоционална состојба на семејствата, меѓутоа и ја одлага самата истрага.

Извршен е разговор и со преживеаните, а во истрагата се вклучени и македонските обвинители кои вчера беа на местото на несреќата.

Извор: Темите

Слични Објави