(Видео) DARA ја бара поддршката на Бугарите во странство за „Евровизија“
Бугарската претставничка на годинешниот избор за песна на Евровизија, DARA, повика на поддршка од Бугарите ширум светот, јавува БГНЕС.
„Сум се среќавала со многу Бугари во светот и знам колку е силна нивната врска со Бугарија. Овој конкурс не е само за мене, туку за нашата земја. Многу ќе се радувам да ја почувствувам нивната поддршка“, изјави пејачката по средба во Агенцијата за Бугарите во странство.
Директорката Рајна Манџукова нагласи дека преку мрежа од над илјада организации во 52 држави може да се мобилизира широка поддршка. Во тоа ќе помогнат неделните училишта и фолклорните ансамбли, како и кампањи на социјалните мрежи.
Поддршката од дијаспората ја истакна и Јоана Драгнева: „Нивниот глас може да биде решавачки за крајниот резултат“.
Од тимот на DARA потенцираат дека настапот е „стратешка битка“ не само за личен успех, туку и за меѓународниот имиџ на бугарската музичка индустрија.
„Верувам дека заедно можеме да постигнеме многу… гласајте“, порача DARA.
