Бугарија забележа ограничен инфлациски ефект од еврото, расте поддршката за единствената европска валута
Бугарија забележа ограничен инфлациски ефект по воведувањето на еврото, а јавната поддршка за единствената валута расте, изјави гувернерот на Бугарската народна банка Димитар Радев, јавува БГНЕС.
„Нашата анализа покажува дека ефектот беше ограничен и во голема мера еднократен, во опсег од 0,3 до 0,4 процентни поени“, истакна Радев, додавајќи дека инфлацијата дури се намалила на 2,3 проценти во јануари.
Поддршката за еврото меѓу домаќинствата пораснала од 45 на 54 проценти, додека кај бизнисот надминува 70 проценти. „Тековната средина веројатно ќе ги направи придобивките повидливи“, нагласи тој.
