РЕМЕНСКИ: СИЛЈАНОВСКА ДА КАЖЕ ДАЛИ СЕ ПОТПИША КАКО КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, во јавноста говори дека не го признава уставното име на нашата татковина, Република Северна Македонија. Таа јавно се обврза дека никогаш нема да го користи тоа име.
Но дали е Силјановска чесна како што се претставува или не е како што знаеме?
Пред граѓаните Силјановска треба да одговори како ја поднела кандидатурата до Државната изборна комисија?
Дали Силјановска е потпишана како кандидат за претседател на Република Северна Македонија?
Дали уште пред да почне кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ја излажа јавноста за едно од нејзините клучни ветувања? (Повеќе)
