ГДУ-ШТИП: ЦЕВКАТА КАЈ НОВО СЕЛО КОНЕЧНО САНИРАНА- БОЧВАРСКИ СЕ ИЗВИНИ ЗА ЗАДОЦНЕТАТА РЕАКЦИЈА
Конечно е саниран колекторскиот систем кај Ново село. Градоначалникот на Општина Штип, како што вети , така и направи. Сепак, зборот е збор. Бочварски дури се извини поради немањето слух до сега за санацијата на истата. И по европски пример,како што наликува на една европска партија, ја призна грешката и ги мотивираше граѓаните и другите политички партии да продолжат со посочување на проблемите бидејќи СДСМ е партија која не бега од проблемите туку ги решава.
Конечно штипско Ново село ќе ужива во чистиот воздух нема да има повеќе одвратна миризба и здравјето на сите нема да биде на ризик од истекувањето на фекалиите директно во реката.
Априлилили им го честитаме на граѓаните денот на лагата и ги информираме дека од сигурни извори дознаваме дека овој 1-ви Април ќе потрае повеќе од вообичаеното сепак во тек е предизборна кампања.
П.С Од проблемите не се бега, но од држава се бега. Само продолжете вака и за кратко ќе нема потреба да ја санирате цевката ќе немате за кого.
Баже вети, навистина вети, велат од локалниот клуб на ГДУ во Штип.
