Доктор по политички науки од Бугарија напиша научна статија за бугарофобијата во РС Македонија во 2021 г.
„Бугарофобијата во јавниот дискурс во РС Македонија во 2021 г.“, е најновата научна статија на д-р Георги Станков, посветена на говорот на омраза кон Бугарија и Бугарите, користен од одредени кругови во РС Македонија.
„Се надевам дека напишаното ќе им помогне и на граѓаните на Македонија да ги разберат некои од сериозните проблеми на кои тие самите се сведоци, но кои или остануваат незабележани или се занемарени поради специфични општествени фактори во нивното општество. Се надевам дека не само политичката елита на Северна Македонија, туку и органите на редот и граѓанските организации ќе можат да преземат храбри и решителни активности за да се стави крај на дискриминацијата, да се санкционира говорот на омраза и да се започне процес на национално помирување“, вели д-р Георги Станков, автор на публикацијата.
Тој додава дека се надева оваа студија ќе им помогне на македонските граѓани да разберат што е проблемот и да побараат соодветни реакции од нивните политичари и институции.
„Ветото не е причина – ветото е последица“, вели Станков и додава дека „бугарските политичари ќе инсистираат на – како што е модерно да се каже – реални резултати“.
Научната статија „Бугарофобијата во јавниот дискурс во РС Македонија во 2021 г.“, можете да ја прочитате на интернет сајтот на Македонскиот научен институт на следниот линк.

