ГРУЕВСКИ Е ПАТРИОТ ДУРИ И ВО 3 ЧАСОТ ПО ПОЛНОЌ!!!
Насловот требаше да го напишам на латиница, за да изгледа попатриотски, ама и така ќе помине…
Груевски навистина е патриот 24/7, и тоа со доказ:
Црно на бело си пишува…
Додека сите ние спиеме, Тој стои гордо на браникот на „државните и националните интереси на Македонија“. Додека ние си ги пробуваме ајварите испржени за време на референдумот, Него сон не го фаќа за Македонија. Додека ние се чудиме со што децата на функционерите и партиските војници се поспецијални од нашите, Тој гордо ја шири идејата за силна Македонија. Додека ние праќаме пораки за лечење на деца во странство, Тој ни покажува дека има нешто со што никој не смее да се коцка. Додека ние се делиме на антички илинденски и асномски Македонци, Тој не спие за да ни докаже дека патриотизмот може да достигне до нови „зета“ нивоа.
Криво ми е што го оставивме сам човекот, со малите ножиња забиени во грб. Мислам дека сите треба да го поддржиме во неговата несоница и да објавиме на своите профили, точно во 3 по полноќ: „Во ред е Никола те знаеме колкав патриот си, имаше 11 години да ни го покажеш тоа, олади малку со статусиве (во 3 по полноќ) и сфати еднаш дека не си само ти тој што треба да биде амнистиран за да се договорат комуњарите и дпмневците како да помине договорот од Преспа во Собранието“.
Автор: Батко Тане

