| |

БКИЦ: Александра С’рчаџиева од театарот „Алеко Константинов“ од Софија ја освои наградата за најдобра женска улога на „Денови на комедијата“ во Куманово

Бугарската актерка Александра С’рчаџиева ја доби наградата за најдобра женска улога на 29. издание на „Денови на комедијата“ во Куманово, соопшти Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје на својата фејсбук-страница.

С’рчаџиева настапи во претставата „Кревет за двајца (тотална катастрофа)“ на Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија.

Фестивалот заврши синоќа со доделувањето на наградите. Во име на актерката, признанието го прими претставник на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

„Тимот на БКИЦ – Скопје ѝ честита на Александра С’рчаџиева за заслуженото признание и ѝ посакува уште многу успеси на сцената“, се наведува во објавата на Центарот.



Слични Објави