ГЛАСАЊЕТО ВО ОХРИД СЕ ОДВИВА МИРНО И БЕЗ ПРОБЛЕМИ

Во Охрид покрај на претседателските, граѓаните ќе гласаат и на предвремени избори за градоначалник, распишани поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски. Охриѓани ќе можат да се изјаснуваат за еден од петмина кандидати.

Според Општинската изборна комисија, сите 88 избирачки места во општина Охрид се отворени навреме, а гласањето се одвива непречено и без проблеми.

Како што појасни Климент Камнароски, претседател на ОИК, на единствениот избирачки список во Општина Охрид за избор на градоначалник се запишани 52.273 гласачи, а за претседател 52.193. Разликата е поради запишаните гласачи во дијаспората.