МОСТ: ГЛАСАЊЕТО СЕ ОДВИВА МИРНО И БЕЗ ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ

Претседателот на МОСТ, Дарко Алексов наведе дека, според информациите на неговите набљудувачи, сите гласачки места се отворени навремено и без проблеми.

Алексов информира дека на едно од гласачките места во село Прибилци е забележан графит со навредлива содржина, што бил исцртан минатата ноќ.

Имено, Алексов посочи дека во гласачко место во село Рич било прекинато гласањето во времетраење од околу 50 минути, поради прекин на работата на УВ-ламбите.