|

Хаосот во Судан не запира: Драматично во Картум, одекнуваат пукотници на воената авијација

Во главниот град на Судан, Картум утринава се слушна пукање од воени авиони и истрели и артилериско оружје, а над некои делови од градот се издигна темен чад.

Борбите меѓу армијата и противничките паравоени сили продолжија и покрај најавата за 72-часовен прекин на огнот.

Во борбите досега стотици луѓе ги загубија животите, а десетици илјади ја напуштија зоната на конфликтот.

Поради борбите што започнаа на 15 април, демократските избори поддржани од меѓународната заедница беа одложени.

Слични Објави