(Видео) Голем пожар избувна во Босна и Херцеговина, гори зграда на текстилна компанија
Во текот на ноќта голем пожар избувна во производниот погон на зградата на модната конфекција Кула Градачац во Босна и Херцеговина.
Пожарникарите со поддршка на колегите од Сребреник како и работници од компанијата се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Požar u Gradačcu pic.twitter.com/6YEd2p9qSz— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) October 10, 2023
Голем облак од чад е видлив над производниот погон, а иако првите информации се уште се нецелосни, евидентна е огромна материјална штета, објави порталот „Кликс“.
Причината за пожарот засега не е позната.