(Галерија) Свештеници, воени лица и дипломати се поклонија пред бугарските воени гробишта кај струмичко Ново село во РСМ
Денот на храброста – 6 мај, вчера беше одбележан и пред „Бугарскиот воен меморијал“ во Ново Село, Република Северна Македонија, јавува БГНЕС.
Спомен-обележјето, каде што се положени смртните останки на 71 бугарски војници, се наоѓа недалеку од градот Струмица, во југоисточниот дел на Северна Македонија. Ова е едно од 471 бугарски воени гробишта на територијата на денешна РСМ, каде што се погребани загинатите војници во Балканската, Меѓусојузничката, како и во Првата светска војна. Тие потекнуваат од сите региони на денешна Бугарија и териториите одземени од Бугарија со Њојскиот договор .
Стотици граѓани им оддадоа почит на загинатите бугарски војници.
Погребна молитва во спомен на хероите заедно отслужија Струмичкиот митрополит Наум од Македонската православна црква и архимандритот Никанор од Бугарската православна црква, игумен на Црногорскиот (Гигински) манастир „Свети Козма и Дамјан“.
Наум истакна дека она што не обединува како православни христијани е православната вера од која нема посилна врска во светот.
„Христос воскресна! Понекогаш се прашувам кога се расправаме кој бил Бугарин, кој Македонец, Србин или Грк. Сите сме православни и тоа е клучот што треба да го одреди нашиот однос еден кон друг, нашето братство, пријателство и …. Бог да ве благослови! Чувствувајте се како дома, секогаш сте добредојдени“, рече митрополитот Наум.
Почит кон загинатите оддадоа и воените аташеа од Унгарија, Хрватска, Романија и Велика Британија, како и многу дипломати. Меѓу гостите беа и европратеникот Андреј Ковачев и генерал-потполковник Димитар Илиев.
Цвеќе подарија питомци од Вишата воздухопловна школа „Георги Бенковски“ од Долна Митрополија.
Бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов во својот говор истакна дека денес повеќе од кога било треба да ја знаеме нашата историја.
„Тука сме да им оддадеме почит на паднатите за Бугарија на територијата на денешна РСМ од Беласица до Дојран, од Битола до Охрид и Мокра Планина. Овие гробишта се пример како треба да изгледаат обновените гробишта на територијата на Северна Македонија“, рече амбасадорот Ангелов и додаде дека и денеска бугарските војници во мисиите во Босна и Херцеговина и Косово достојно ја претставуваат Бугарија.
„Овде сме заедно да оддадеме почит на споменот на сите загинати за обединувањето и ослободувањето на татковината, како во струмичко, така и насекаде. Да бараме од Бога повеќе причина за живите, повеќе братство, пријателство и мир. Мирот не е даден. Секаде околу нас врие и во Украина и на Блискиот Исток. Да го надминеме она што не разделуваше во минатото, со христијанската православна вера, добрососедство и братство, подавајќи ја раката за да може да биде реалност големата идеја за обединување на Европа по Втората светска војна. Границите треба да станат симболични, а слободното движење на луѓето, стоките и услугите треба да се случи и за Северна Македонија и нејзините граѓани. Ова е единствениот начин да се надмине неединството до кое не доведоа идеологиите во минатото. Вечен спомен за оние кои загинаа за нашата мила татковина“, рече европратеникот Андреј Ковачев и изрази надеж за нов поттик за подобрување на билатералните односи меѓу Скопје и Софија. Ова поминува низ нулта дискриминација кон луѓето кои отворено се изјаснуваат за Бугари а се државјани на РСМ.
Генерал-потполковник Димитар Илиев истакна дека хероите кои загинале за бугарската национална кауза никогаш нема да бидат заборавени.
На прославата не дојде ниту еден официјален претставник на властите во Скопје.























