КИРАЦОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ПОВЕЌЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА: ПРОМЕНИТЕ ОБЕЗБЕДУВААТ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД И ПОВЕЌЕ ПАРИ КАЈ ГРАЃАНИТЕ

//

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, во изминатиот период посети повеќе населени места низ Македонија, на средби со граѓани, членови и поддржувачи на СДСМ.

На средбите со граѓаните на Крушево, Гостивар, Долнени и Богданци, се разговараше за досегашната работа на Владата предводена од СДСМ, процесот на реформи коишто ги носат промените, но и за идните предизвици на Македонија, особено во делот на економијата и евроинтеграцискиот процес.

– Зад нас е една година на промени. Промени што донесоа повисока минимална, но и зголемена просечна плата од 5.6 отсто, повисоки пензии, зголемени и навремени субвенции за земјоделците, трајно решен проблем со стечајните работници, намалени трошоци за живот преку укинување на радиодифузната такса и воведување на евтина тарифа на струјата, како и нови инвестиции и нови работни места, беше една од пораките на Кирацовски.

Промените, истакна Кирацовски, нема да застанат, продолжуваме да ја менуваме Македонија, од поделена, скарана и изолирана земја, нашата држава станува земја за пример, земја која сите ја гледаат како идна полноправна членка на евроатлантските организации.



Во периодот што следува, генералниот секретар Кирацовски и претставници на раководството на партијата продолжуваат со интензивни посети на општините и населените места низ Македонија. Се разговара со граѓаните за актуелните теми, се слушнат нивните идеи и ставови за реформите.



Претходна статија

ОДБРАНАТА НА „НАЧАЛНИЧЕТО“ УСПЕА ДА ГО ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО ЗА „ТОТАЛ“

Следна статија

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ ПЛУС 700 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ ПО 2020 Г.

Најново од Вести