ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА ЗА ПИНОКИО ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО ПРИЛЕП

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ утре (5 март) со почеток во 11 часот ќе биде одиграна претставата за деца „Авантурите на Пинокио“, режија Дарко Ковачовски. Оваа претстава ќе биде изведена и в среда (6 март) со почеток во 11:30 часот.

Сценографијата, костимите, куклите и маските во претставата се дело на Надја Василева, а автор на музиката е Томе Темелкоски. Во претставата настапуваат: Јасмина Мицовска-Станкоска, Андон Јованоски, Димитар Црцороски, Даниела Иваноска и други.