ОД „КАНЦЕРОГЕНО ОПШТЕСТВО“ НАЈАВИЈА РАДИКАЛИЗАЦИЈА НА ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО
Еден од водачите на протестите против загадувањето предводени од здружението „Канцерогено општество“ Кристијан Узунов најави радикализација на протестите, ако барањата на демонстрантите не бидат сфатени сериозно од надлежните институции.
Узунов побара итна седница на Владата за загадувањето, во спротивно, како што посочи, протестите ќе продолжат со блокирање на сообраќајници низ државата.
Здружението „Канцерогено општество“ и оваа сабота организираше протест пред Собранието поради загадениот возхух.
