А. ДИМИТРОВ: ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ТРЕБА ДА СЕ СПРОВЕДУВА ПОАКТИВНО.
Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија треба да се спроведува поактивно за да даде некаков резултат-изјави првиот амбасадор на Република Бугарија во Македонија, проф. д-р Ангел Димитров во интервју за Бугарското национално радио. Димитров рече уште дека не се сомнева во искреноста на Зоран Заев и додаде дека верува во добрите односи меѓу македонскиот премиер и неговиот бугарски колега Борисов. Првиот бугарски амбасадор во Македонија изјави уште дека најавата за одржување на предвремени парламентарни избори е нормален одговор на зголемениот политички ривалитет во Македонија по ратификацијата на Преспанскиот договор бо грчкиот парламент, но потсети на ставот изразен од високи претставници на ЕУ, дека во моментот Македонија нема потреба од избори туку од забрзување на процесот за евроинтеграција.
