МИ-АН ЌЕ ПРОМОВИРА ДВЕ ЛИНГВИСТИЧКИ КНИГИ

Истакнато Култура

Книгоиздателството МИ-АН, во соработка со Културно-информативниот центар – Скопје, вечер со почеток во 19:19 часот ќе промовира две лингвистички изданија: „Прилози за македонската глаголска префиксација – традиција и континуитет“ од Наталија Андријевска и „Јазикот и стварноста“ од Бобан Карапејовски.

Книгата од Андријевска, која ќе ја претстават промоторите Димитар Пандев и Катица Трајковска, е придонес во проучувањето на историското зборообразување на македонскиот јазик, а трудот на Карапејовски, како што посочува издавачот, е значаен прилог во проучувањето на заменските клитики кои се меѓу особеностите на македонскиот јазик. Неговата книга ќе ја промовираат Марјан Марковиќ и Емилија Црвенковска.