|

ВМРО-ДПМНЕ: ЗОРАН ЗАЕВ НАМЕСТО ЖИВОТ ДОНЕСЕ БЕДА, НАМЕСТО ДОСТОИНСТВО ПОНИЖУВАЊЕ

Зоран Заев наместо живот донесе беда, наместо достоинство понижување. Државата е посрамена на меѓународен план, а урнисана на домашен план, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Пресметката со неистомислениците, притисоците, реваншизмот се главна одлика на оваа Влада.

Граѓаните се разочарани. Секојдневните грижи, сиромаштијата и немањето на перспектива е доволна причина младите да ги ја побараат својата иднина во друга далечна држава. Процесот на иселување не само што не запре, туку е и забрзан откако СДСМ е на власт.

Економијата тоне. Растот на БДП од 0.1% е доказ кон каква катастрофа не води СДСМ. Градежништвото е во колапс а достоинството на земјоделците е максимално згазено од неспособноста на власта.

Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема. Време е да биде подобро во Македонија. Време е да се крене и чуе гласот на сите оние кои се незадоволни од оваа антидржавна власт.

Неправдата која ја нанесува СДСМ мора да биде победена. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија на протестен марш во Струмица, во недела со почеток во 13 часот, собирно место во паркот во Струмица по шеталиштето па се до општината Струмица.

Заеднички сложно одлучно, како и многупати што ќе се сретнеме, обединиме, собереме ова лето за Македонија ќе кажеме МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!

Слични Објави