АДВОКАТ ОД ВЕЛЕС ЌЕ ЈА ТУЖИ ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА: ДОБИЛ ШЛАКАНИЦА И МУ ЈА ПЦУЕЛЕ СЕСТРАТА

Адвокатот Спасе Скорниев од Велес ќе ја тужи велешката полиција, зашто како што тврди, полициски службеник му удрил шлаканица, а друг му ја пцуел сестрата што работи во влада, додека приведен седел на столче во станица.

loading...

Според Скорниев, тој бил приведен зашто додека возел со својот кабриолет на еднонасочна улица пред велешкиот суд, повозрасен човек неколку пати се обидел да ја премине улицата, а на крајот легнал на земја, преправајќи се дека е повреден и дека бил удрен од возилото на Скорниев.

„Човекот срипа кај што нема пешачки, а потоа легна на улица и почна да вика, ,,о леле ме потепаа, ме удри со фарот”. Јас погледнав наоколу, гледам нема друг автомобил, си велам, овој за мене мора да зборува и запрев. Му велам, човек, не сум те удрил не сум те допрел. Стаса полиција, и јас и човекот бевме на различни страни од улицата. Му викнав на висок тон ,,немој да лажеш, не си ни гребнат” и ,,како не ти е срам да не малтретираш сите овде на 50 степени”. Ме приведоа во станица, ме задржаа шест часа. Додека седев на столчето, со крвнички поглед, еден полицаец се залета накај мене, ми удри така силна шлаканица што исплукав два заба. Не му возвратив. Јас на мравка не сум згазил, комарците не ги тепам дома, а не пак човек, вели Скорниев за ,,Слободен печат”.



loading...